Најдобрите сопруги во зодијакот

Најдобрите кандидатки што мажите би ги посакале за во брак, се обично родени во следниве три знаци:

 

РАК

Емоциите на жените родени во знакот на Рак се многу силни и интензивни – тие сакаат вистински. Со таквата жена никогаш ништо нема да ви недостасува бидејќи е спремна да направи сé за својот партнер. Таа сака сите околу неа да се среќни и секогаш ќе се труди да им го исполни денот со убави нешта. Проблем е што е склона кон тоа да ги драматизира нештата, но тоа е само ситница во однос на она што е спремна да го понуди. На крајот, никој не е совршен, но сепак, жената Рак е речиси перфектна домаќинка и мајка, успевајќи секогаш сé да постигне. Сé што очекува за возврат од мажот е почит, искреност и да биде крај неа.
 

ЛАВ

Лавицата е храбра, неустрашива и неверојатно способна. Крај себе сака партнер со истите доблести, кој ќе и биде потпора и поддршка. Таа умее да сака и тоа на свој начин од кој секој би бил маѓепсан, дури и кога се лути е симпатична. Нејзините емоции се искрени, крај неа се чувствувате сигурно. Голем борец е, особено кога се работи за своите деца. Од партнерот очекува да ја обожува и опсипува со внимание, но крај неа, вие тоа би го правеле и на своја рака, со оглед на тоа дека Лавицата е таа што ќе ви пружи и створи ваше љубовно царство.
 

ЈАРЕЦ

Она што секој маж би го скршило, жената во знакот на Јарец знае да го соопшти така ненаметливо и достоинствено, што ќе се запрашате дали сте воопшто достојни. Ако одговорот е „Да“, тогаш бидете сигурни дека вашата љубов ќе гори долго и топло. Одржувањето на пламенот е она на што таа е посветена и го смета за нејзина одговорност и должност. Таа ретко живее во фантазија, стои цврсто приземјена и добро знае кога и што може да очекува. Ако сте имале среќа да привлечете ваква жена, а не ви е јасно како, имајте во предвид дека таа можеби и ве гледа подобро отколку вие себе си. Таа знае каков човек сте и колку вредите. Ќе даде сé од себе да го извлече најдоброто од вас. Во улогата на мајка е строга, но праведна. Сé што бара од вас е да покажете карактер и истрајност, а во тоа ќе ви олесни служејќи ви како пример.

- Реклама -