Најдобрите пријатели според хороскопскиот знак

Овен
Кога се работи за пријателство, едноставниот овен е емоционално јасен и не се служи со итрини. Иако е сочувствителен, овенот не е личноста на која треба да ѝ се јавите кога ви е потребно рамо за плачење. Ако вие сте родени во знакот на овенот, тогаш вашиот најдобар пријател треба да биде подеднакво независен и сигурен. Како пријатели, најмногу ви одговараат авантуристичките стрелци.
Бик
Родените во знакот бик важат за најсигурни пријатели во целиот зодијак. Дарежливи, заштитнички настроени спрема пријателите и неверојатно верни, биковите знаат како да ги зачуваат вистинските пријатели. Ако сте родени во знакот на бикот, одлично ќе се согласувате со рибите, кои можат да се справат со вашата силна волја, но и со раковите со кои го делите заедничкиот интерес за удобност и вкусна храна.
Близнаци
Близнаците лесно остваруваат контакти со другите знаци, но сепак, блискоста не им е силна страна. За близнаците не е доволно да имаат само еден најдобар пријател. Тие повеќе сакаат да бидат дел од голема и разновидна група на пријатели кои ќе го следат нивниот променлив темперамент. Честопати близнаците брзо ги започнуваат и уште побрзо ги прекинуваат пријателствата, исто како што прават и со љубовните врски.
Рак
Чувствителниот рак не покажува поголеми промени во расположението. Родените во знакот на ракот треба почесто да бидат во друштво на луѓе кои се полни со разбирање. Секогаш кога ви е потребна поддршка, побарајте ги останатите водени знаци, рибите и скорпиите, затоа што тие многу добро знаат како е да се живее во состојба на константни чувства
Лав
Лавовите се вистински пријатели. Родените во овој знак постојано се опкружени со многу пријатели, но за да го придобиете лавот, прво треба да ја стекнете неговата доверба. Штом лавот ќе ве прими во своето друштво, тогаш тој станува неверојатно дарежлив и подготвен е да даде безрезервна поддршка. Пријателствата што лавовите меѓусебно ги остваруваат, се едни од најдолготрајните.
 Девица
Вистинските девици се во одредена мера воздржани и не се спријателуваат лесно, правејќи ги оние малку пријатели кои веќе ги имаат, исклучително вредни. Девиците се независни и интелектуални и заради тоа ним не им се потребни „пријатели“ кои постојано озборуваат. Ако сте родени во знакот девица, големи се шансите вашиот најдобар пријател да биде припадник на истиот знак.
Вага
Надарена со емпатија кон другите, вагата никогаш нема недостаток на пријатели. Не постои личност со која вагата не може да се поврзе. Најдобрите пријатели вагата може да ги пронајде кај родените во знакот близнаци и/или водолија затоа што тие нема да ја искористат пријатната природа на вагата.
Скорпија
Скорпијата не го спушта својот штит лесно, но штом ќе го направи тоа еднаш, таа станува еден од најпријателските знаци во зодијакот. На скорпијата ѝ е потребен пријател кој ќе може да ја разбере нејзината опсесивна природа, пријател кој не се плаши и кој е целосно искрен со неа. Својот најдобар пријател скорпијата треба да го побара кај родените во знакот риби.
Стрелец
Љубезен, храбар и духовит, стрелецот ретко кога е љубоморен или посесивен , па затоа и никогаш не е во друштво на такви луѓе. Ако сте родени во знакот на стрелецот, вашиот најдобар пријател треба да биде храбар генијалец затоа што стрелецот не поднесува пасивно-агресивно однесување. На стрелецот најмногу му одговараат пријатели родени во истиот знак или во знакот близнаци.
Јарец
Прилично интровертниот јарец повеќе сака да има неколку вистински пријатели кои докажале дека може да им се верува, отколку да има безброј познаници. Јарецот секогаш ги поддржува своите пријатели, но и тој самиот мора да научи да бара поддршка кога му е потребно. Ваквото надополнување во пријателството, јарецот може да го постигне со личност родена во знакот лав.
Водолија
Водолијата важи за еден од најзабавните, највозбудливите и најспонтани знаци во хороскопот. Нејзе ѝ е потребен пријател кој постојано ќе биде во чекор со нејзиниот темперамент. Ако сте родени во знакот водолија, спријателете се со стрелецот и заедно ќе можете да го освоите светот. Стрелецот, исто како и водолијата, е независен, сака да патува и се води според мотото „Живеј и остави ги другите да живеат“.
Риби
Чувствителните риби имаат тенденција да ги преземат страдањата на нивните пријатели и да сочувствуваат со нив, занемарувајќи ги сопствените емоции. Најдобриот пријател на рибите е силна, позитивна, љубезна и внимателна личност. Рибите најдобро знаат како да ги зачуваат вистинските пријателства и одлични се во грижата за своите пријатели. Најмногу им одговара личност родена во знакот бик, која ќе ја сподели нивната емпатија со која рибите лесно ќе остварат духовна врска.

Извор