Со цел да ви го олесниме изборот при купување на нов мобилен телефон продолжуваме со серијата на анализи на најдобрите телефони во Македонија кои може да се најдат кај мобилните оператори.
Доколку купувате телефон со склучување на пост-пејд договор добивате и голем попуст во зависност од тарифата, па затоа во превид ги земаме средните цени на претплатите.
На тој начин може да купите поквалитетен телефон кој може да го платите и на рати или пак да го искористите попустот во зависнот од политиката на операторот. Во следната анализа ќе се задржиме на телефоните чија просечна цена достигнува до 12.000 денари што е сосема прифатлива сума за купување на нов квалитетен смартфон.
5. Samsung Galaxy Fame е еден од поевтините смартфони од овој корејски брен на македонскиот пазар кој може да се најде по цена до 12.000 денари во зависност од тоа која претплата ќе ја одберете,а со тоа и висината на попустот. Инаку овој телефон е од средната класа и е релативно нов, излезе во февруари и тоа со најновиот оперативен систем Android 4.1 Jelly Bean. Инаку Samsung Galaxy Fame има 3.5 инчен екран со резолуција од 320 x 480 што е прилично ниско. Понатаму има процесор од 1 GHz со 512 MB RAM и 4 GB меморија која може да се надополни преку microSD картичка до 64 GB, a на задната страна се наоѓа камера од 5 мегапиксели. Неговата батерија одговара на карактеристиките и е со капацитетот од 1300 mAh.
4. BlackBerry Torch 9860 e eден од постарите уреди од овој бренд на македонскиот пазар но, за понудената цена има можеби најдобри карактеристики. Се работи за смартфон со екран од 3.7 инчи со резолуција од 480 x 800 пиксели и густина на сликата од 252 ppi. Неговиот хардвер е за нијанса подобар од тој на Samsung Galaxy Fame, бидејќи има процесор со брзина од 1.2 GHz, 712 MB RAM и 4 GB мемориски капацитет кој може да се прошири преку microSD картичка. Камерата е слична со 5 мегапиксели и стандардни додатоци како LED и autofocus. Батеријата на BlackBerry Torch 9860 има капацитет од 1230 mAh и може да издржи 6:30 часа во 3G разговор. Овој смартфон работи на застарениот оперативен систем BlackBerry 7, па затоа е препорачано да инсталирате апликации од сервисот CrackBerry.
3. Sony Xperia U e eден од поквалитетните смартфони на јапонската компанија во средната класа. Кај него ќе најдете 3.5 инчен екран со резолуција од 480 x 854 пиксели и технологија Sony Mobile BRAVIA Engine. Понатаму вреди да се спомене дво-јадрениот 1 GHz Cortex-A9 процесор, со 512 MB RAM и 8 GB меморија која за жал не може да се надополни со мемориска картичка. Еден од недостатоците на Sony Xperia U е неговата гломазност а, смартфонот има дебелина од 12 мм. Кај Sony Xperia U е инсталирана застарената верзија Android 2.3 Gingerbread која може да се надгради до 4.0 Ice Cream Sandwich.
2. HTC One V има Super LCD 2 екран со големина од 3.7 инчи со пристојна резолуција од 480 x 800 пиксели. Овој телефон има компактни димензии и дебелина од 9.3 милиметри, но мала пречка е големата неискористена површина која се наоѓа под екранот. Хардверот е составен од Qualcomm MSM8255 Snapdragon 1 GHz процесор, GPU Adreno 205, 512 MB RAM и 4 GB меморија која може да се надполни преку microSD картичка до 32 GB. Камерата од 5 мегапиксели ќе ви биде доволна за правење на слики со пристоен квалитет, а истата е опремена со LED блиц, autofocus и максимална резолуција од 2592 x 1944 пиксели. За енергијата на телефонот е задолжена квалитетна Li-ion батерија од 1500 mAh. Смартфонот работи на Android OS 4.0.3 Ice Cream Sandwich и штета е што не може да се надгради до најновата верзија Jelly Bean.
1. ZTE Blade III Pro е убедлив шампион во оваа ранг листа од повеќе причини. Како прво се работи за еден од најновите смартфони кој беше промовиран неодамна и е наследник на ZTE Blade III. Овој смартфон има одличен екран со големина од 4 инчи и резолуција од 480 x 800 пиксели. Голема предност е што работи на најновата верзија на Android 4.1 Jelly Bean. Хардверски исто така има најдобра поставеност со Qualcomm MSM8225 Snapdragon дво-јадрен процесор со брзина од 1.2 GHz Cortex-A5, GPU Adreno 203 и 4 GB вградена меморија која може да се надополни до 32 GB преку microSD картичка. Како и сите други смартфони во оваа класа имаглавна камера од 5 MP со LED блиц, autofocus, geotaging, како и предна VGA камера.
Се надеваме дека на овој начин ви помогнавме во изборот и исто така очекуваме ваши оценки за овие телефони, кој е ваш фаворит и кој од нив би сакале да го користите.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk