Најдобрите бутици на светот

intro_buticiВо натпреварот кој ќе смести најдобри парчиња облека на полиците, но и кој ќе им понуди на посетителите сосема оригинално искуство победници се десет фантастични бутици сместени на различни страни од светот. Доколку имате доволно пари може да отпатувате до Токио, Лондон или Дубаи, а ако немате толку длабок џеб сè што ви треба е љубопитност и кликање на повеќе за да ги посетите овие несекојдневни продавници…

dubai

Во натпреварот кој ќе ги смести најдобрите парчиња облека на полиците, но и кој ќе им понуди на посетителите сосема оригинално искуство победници се десет фантастични бутици сместени на различни страни од светот. Доколку имате доволно пари може да отпатувате до Токио, Лондон или Дубаи, а ако немате толку длабок џеб сè што ви треба е љубопитност и со нас веќе пристигнавте во вие несекојдневни продавници.

Луксузот е сместен во огромен трговски центар во Дубаи, но дури и меѓу бутиците со најпрестижната роба се издвојува Boutique 1 во кој ќе се опуштите со внимателно одбрана музика додека разгледувате ретки парчиња што не можете да ги најдете на ниту едно друго место во светот. Една од причините е што никој друг не може да си ги дозволи. Сепак, редовните посетители, шеиците, и не прашуваат за цената.

Кога и самите модни дизајнери ќе се вклучат во креирање на ентериерот на бутикот се добиваат 6 ката исполнети со висока мода претставена на најразличен начин. А ова секако, се случува во Лондон. Dover Street Market е простран бутик што наликува на уметничка галерија, а претставувањето на креациите овде наликува на уметничка постановка, па не е ни чудно што многу луѓе доаѓаат и само да гледаат, без никаква намера да купат нешто.

dover_london
dover_s_london

dsm_london


Првиот Restir бутик е отворен 2000 година, во Кобе, Јапонија. Кога Hiroaki Takashita требаше да го отвори својот трет бутик, и тоа во Токио, имаше намера да се издвои од толпата. Бутикот е на две нивоа, со футуристички ѕидови на кои се емитуваат реклами за уметнички инсталации, црн мермерен под и ентериер дизајниран од францускиот архитект Laur Meyrieux. Овие 800 м2 се микс на луксузот и новиот поглед кон светот, а основната идеја е да наликува на фото студио. За комплетно уживање тука е и барот на приземјето каде може да се опуштите со одбрани вина и музичкиот избор на тамошниот DJ.

restir_tokio
restir_t
restir_manekeni

Во Њујорк, но далеку од трговските центри, се наоѓа омилениот простор на шопинг манијаците. Облека и чевли симнати од пистите и наместени директно во Jeffrey. Изборот е огромен, вклучувајќи го и машкиот оддел, а Jeffrey е познат и по тоа што има најдобар избор на чевли во целиот град. Иако производите се луксузни, ова место се издвојува по тоа што е многу поопуштено за разлика од сличните скапи бутици. Ненаметливите продавачи како и DJ-от ќе ве релаксираат до таа мера што скоро и ќе заборавите колку се високи цените. Овој бутик е спомнуван и во Gossip Girl, уште една култна серија за богатите и размазените.

2jeffreyny

str_jeffrey_icon
1jeffreyny

Прочитајте и:  Скромниот кројач од Скопје кој стигна до најлуксузните модни куќи во Париз

Podium е отворен во 2005 година и за многу кратко време ги надмина конкурентите и стана најдобриот бутик во градот на милијардерите, Москва.

podium_moskva

Отворен е во 1970-те и претставува инспирација за сите нови бутици кои на своите полици сакаат да сместат што повеќе дизајнерски парчиња. Основач на Joyce е легендарната Joyce Ma чија намера била да им ги претстави западните дизајнери на богатите жени од Hong Kong. Таа ги препозна квалитетите на Azzedine Alaia, Giorgio Armani, Dries van Noten, Donna Karan и ги стави нивните имиња на светскиот моден пазар. Па, затоа Joyce е местото каде одите за да откриете кој е следната светска ѕвезда во модниот свет.

joyce_hk
joyce_ma

Уметничка галерија, книжара, антикварница, шик ресторан и најважните модни парчиња за тековната сезона. 10 Corso Como е бутикот на Carla Sozzani, која се инспирирала од ориенталните пазари, како и од лондонскиот бутик од 1970те, Biba. Незјзината сестра е уредник во Vogue, па ако ви се допадне нешто што ќе го видите во списанието, повеќе од сигурно е дека ќе го има и тука. Освен во шопингот, овде може да уживате и во други нешта, како на пример, уметнички изложби како онаа на David Lachapelle. Поради локацијата, но и ентериерот, ова место е оазата на смиреноста меѓу шопинг местата во Милано, особено за време на модната недела.

corso_como_milan
10_milan
10_corso_bar
corso_como07_ci

Зад минималистичката бетонска фасада се крие најавангардниот бутик во Los Angeles, Maxfield. Овде купуваат и познатите ѕвезди и стилисти, а е познато и по тоа што на едно место може да најдете парчиња од најновите колекции на светските дизајнери, како и накит во стилот на Индијанците, па дури и дијамантски ланчиња во форма на череп. За секого по нешто.

la_vlezot
max_la

Сигурно сте слушнале за Colette. Местото со совршена локација, во Париз, сместено меѓу другите дизајнерски бутици како Louis Vuitton и Dior, кое се уште важи за еден од најубавите и најлуксузни бутици на светот. Покрај скапите парчиња облека, тука може да се најдат и дизајнерски iPhone од лимитирана колекција, како и ретки јапонски модни списанија, украсни свеќи и DVDа.

colette_izlog
colette_paris

Villa Moda во Кувајт е спектакуларна стаклена коцка чија единствена цел е четвртата најбогата нација на светот да може да ужива во шопингот.

vila_moda_kuvajt
Тоа е тоа. Луксуз, гламур, авантгарда. Се надевам дека уживавте во селекцијата од најдобрите бутици на светот.
- Реклама -