Најдобрите битолски прекари

bitola

Факт: Битолските прекари го продолжуваат животот за два месеца.

Распусто – оти е роден на 10 јуни

Лагата! – оти има куси нозе

Резило – пошол да си купва патики по влечки и по чорапи

Свиокот – живеел на некоја кривина!

Неспремното – оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.

Сантимо – за сантим немал два метра кутар тој 199цм….

Ајкула – оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале

ЌОШО – оти Ивица се вика

ЛАНОТО – Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат!

Мутето – Оти мајка му и татко му глувонеми биле

ДРЏ – домашна расна џукела

Нитрото – оти црногорец е детето и “екстремно е брзо”

Индексо – прв во цела мала се запишал на факултет

ЏОГЕРО – висок, слаб со виткана коса

Купусо – оти се истрижал неубо и личел на зелка + љубел некоја дебелка – каца.

Ленче шц – сите машки шц праеле ко ќе поминела кркркр

Џоле – Салафета! оти женска му има фабрика за салфетки

Спидот – оти секое лето шљака со speedo влечки по Широк Сокак!

Кофчегот – интерен прекар за една висока, згодна и мрачна металка

Индексо – зашто единствено тој во друштвото бил со факултет

Децималнио – не е баш „точен“, нормален

Ќор – Оти на сите му викаше „Кај си Саша“

Пеце Грдиот – оти имаше едно кремче и беше фаца и на сите им викаше:„Кај си бе, грд!“

ФЛОРЕ – оти љубовницата му се викаше Флорида

Казанова – оти ко казан бил во главата

Џони Walker – Австраљанецот шо го вртеше корзото по 20-30 пати денот (порано се криеше од сите со раката настрана), во последно време шеташе гушнат со сок од 1 1/2л. во пластично

Пожаро – оти мајка му и татко му отишле во пожарна на родителска

Струјата – оти го акна струја од појачало за бас пред да почни свирката……исто така познат како Мики-добиено по неговиот мачор………..исто така познат како Коцка-не се знај оти..

РАБРАТА – професор по биологија шо секоја реченица ја завршвал со рабра? (разбра?)

Поштенио – оти секој ден покрај поштата поминвал.

Коцката – Оти многу бил многу по коцкањето

Тротоаро – Оти едната нога му била покуса и му идела таман на тротоар да се качи.

Сатаро, Mачоро, Cаксo… – истото дете е ова! и на крајот од шо имал баеги прекари…РАНДОМО го завикаа!!

Педеро – едно чупе му се пуштало и ко прашала дали се знај со некој другар, овај му рекол – се знам ептен, кај е тој да го ебам, и ова си помисли стварно дека е педер.

Прочитајте и:  Музејот во Битола одбележува 90 години од формирањето

Крефкото – оти нон стоп фаули барал фудбал ко ќе играле.

Бојата – оти бил гламна црн.

Школскио – зашто бил роден на 1 септември

Беќаро – оти три пати се женел и се разведвал.

Финио – оти ошол на поседок кај брачедите во Финска

КаГеБе (КГБ) – оти ко ќе играл кантер сите го барале.

Маката – оти кога да го побарале другарите за излегвање викал неможам брат мака ми е.

Блинкеро – Оти трепкал нон стоп со очите.

Дубако – од шо бил дебел ко во дубак да бил клаен (дубак да имал голтнато)

Наиме – го прашале: „како да те викаме тебе на прекар? Цела маала има прекари.“ – одговорил: „Неќам прекар, сакам наиме да ме викате.“ и така НАИМЕ го завикале!

Рингла – на персоната можело комотно цело тенџере за ајвар да му стои на главата

Празнио – избегал од час и после му се вадел на професорката дека бил да ја прегледа глата и ко го прашала професорката шо му нашле овај му рекол НИШТО.

Тушнико – оти бил билдер

Кенгуро – Австралијанец кој живеј во Битола.

Пичкуро – за ова не би објаснувале.

Марката – оти носела само брендирана (марка) гардероба

Ќофтето – Оти ко ја прашале кај се стрижеше место кај Кебапо (прекар на фризер во Битола) рекла кај Ќофтето.

Кокошката – оти пилиња печел пред кафаната, и од шо го завикале кокошката ги тргнал пилињата.

Кртишо (lat. KRTISHO) – Ко играле Warcraft наместо KRISHO како што се потпишувал стално, му фатила и „Т“ -одма до „R“- (сега сите погледнувате во тастатура…)

Млекото – оти многу бел бил во фацата.

Ремено – бил многу слаб и двапати го вртел ремено.

Тоблеронето – оти фризурата му била како „Тоблероне“ чоколадата

Мозоко – оти на сите му делел ум.

Ајваро – оти ко мал си мачкал лепче ајвар и излегвал надвор

Акмако – оти ко се запознавала со Паљачо (пејачо на Чоканче) препрашала 3 пати како се вика и за да памти поубо Паљачо му рекол – абе како за палење, Упаљач ама без У – Паљач ме викат. Друго ден по корзо го видела и почнала да му вика Акмак (некако за палење Чакмак му дошло дека е).

Извор: Попара.мк

- Реклама -