За разлика од другите спортови, каде улога можат да играат и вкусови, а и изборот на кандидати за „најдобриот шут/удар во историјата“ е голем, во голфот нема трте-мрте. Ова е ударот. Зад палката е – кој друг, ако не Тајгер Вудс. Дури и анализата на коментаторите е околу тоа колку всушност е тешко да го доближи топчето до дупката. За внесување никој не ни помислува. Ама ете…