Најдобрите и најлошите Паненка пенали (видеа)

По спектакуларниот „Паненка“ пенал на Андреа Пирло против Англија еве ги најдобрите и најлошите изведувања на овие пенали.

Антонин Паненка

{youtube}Tp2HZNheCZ8{/youtube}

Оригиналот сè уште е најдобар. Антонин Паненка ја демонстрираше оваа техника на првиот пенал рулет во историјата на Европските Првентства овозможувајќи победа на Чехословачка од 5-3 на пенали против Западна Германија во финалето во 1974 година.

Зинедин Зидан

{youtube}CVTisZ9nLPI{/youtube}

Најверојатно најсмелиот имитатор на Паненка е пеналот на Зинедин Зидан во финалето на Светското Првенство во 2006 година. Во оваа изведба најубаво се гледа малата толеранција на грешки на оваа техника кога топката се одби од пречката, удри зад линијата па излезе од голот.

Двајт Јорк

{youtube}wgLXgXw8frY{/youtube}

Поранешниот играч на Астон Вила и Манчестер Јунајтед имаше успех и во австралиската A-Лига каде што го демонстрираше овој пенал во натпреварот на Сиднеј ФК против Аделејд Јунајтед.

Франческо Тоти

{youtube}J6LqnUlYgmw{/youtube}

По успехот на Пирло против Англија, Даниеле де Роси изјавил: „Немам видено олку луд шут уште од времето на Тоти“. Несреќен за Англија е фактот што ударот на Пирло беше малку поуспешен од овој маестрален обид на Тоти за Рома.

Кристијано Роналдо

{youtube}dP1Bejpp1v0{/youtube}

Овој ужасен обид на Кристијано Роналдо за Реал Мадрид покажува колку арогантно може да делува оваа техника ако не успее. Особено ако е во изведба на Кристијано Роналдо.

- Реклама -