Најдете сé што е погрешно на сликава

На прв поглед, ова е само еден фин цртеж од селска идила. На втор поглед, веќе забележувате дека некои нешта на сликата баш и немаат логика и смисла. Такви ги има вкупно 26. Повеќето ќе ги забележите мошне брзо, ама за останатите ќе треба да погледнете навистина внимателно и да го уклучите мозокот.

Можете ли да ги најдете сите 26 грешки?

Одговори ќе најдете подолу.

 

Одговорите:

Објаснување:

• Ветрот истовремено дува во разни насоки: Чадот од оџакот оди на десно, додека гранките се наведнати кон лево
• Нема одредено годишно време: Дел од дрвата се голи без листови, додека другите имаат листови, а не се зимзелени
• Полето го сеат и го жнеат во исто време
• Коњот оди во насока на веќе изораното поле
• Нема човек да го води коњот или да го држи плугот. Коњот како да работи сам
• Во полето растат само дрва
• Највисокото дрво има една зимзелена гранка
• Портата има „растопена“, а не соодветна сенка
• Портата има 5 хоризонтални греди, а сенката само 4
• Портата нема шарки или било каков механизам, не можете да ја отворите
• Изворот на светлина нема смисла: Сенките на човекот, кучето и оградата паѓаат на различни страни
• Грмушките растат баш на оградата, и изгледа како да ја притискаат
• Куќата нема врата
• Завесите на прозорците се поставени од надворешната страна
• Човекот е преголем во однос на куќата
• Кучето е преголемо во однос на овците
• На една овца ѝ фали нога
• Една овца има црна опашка што личи на кучешка опашка
• Со оглед на дадената перспектива, овците во позадина се смалуваат премногу брзо во споредба со тие во преден план
• Некои објекти воопшто немаат сенка
• Дворот е ограден само од едната страна
• Езерото е поставено повисоко од хоризонтот
• Количката со сено е очигледно повисока од човекот (не сеното, туку самата количка)
• На количката со сено во дворот ѝ фали едно тркало и рачка. Ако е скршена, што бара да го блокира влезот на амбарот?
• Не само езерото, туку и линијата на хоризонтот на езерото е брановита

• Последната 26-та грешка нема да ја наведеме, оставаме на вас.

- Реклама -