Козиве на сликава ги демне снежен леопард (гуглајте snow leopard ако мислите дека ќе ви помогне). Очи ни потекоа додека го најдеме. Пробајте и вие, и ако изгледа безнадежно не се откажувајте – не се мајтапиме, леопард има.
Се откажувате? Скролајте надолу за да го видите „решението“, заедно со повеќе детали за фотографијата.
*
*
*
*
*
*
*
Фотографијата е на Ингер Вандајк, која се смета за првата жена во светот (и првата Австралијка) која успеала да фотографира снежен леопард – кој е многу ретка дива мачка, во цела секвенца од ловот.
„Снежните леопарди се екстремно ретки, толку ретки што многу луѓе го посветуваат животот на тоа да видат, и особено да фотографираат една од овие диви мачки, особено за време на лов“, вели Вандајк.
Фотографииве се направени во Ладак, Индија. Вандајк, заедно со својата експедиција, поминала 17 дена трагајќи по дивите мачки. Преку ден било под нулата, а навечер до -25°C.
На петиот ден почнале да следат траги од леопарди, а понатаму ги очекувала цела серија средби со дивите мачки.
„Беше извонредно. Ги гледавме како се борат, се парат, си играат, се кријат, и на крајот, седевме 6 часа во мраз и снег додека го гледавме леопардот (на сликите) како се спушта во долината и се обидува да улови“.