Најдебелото дете на светот ослабе

photo_2_7fdb435f31bcc9ad9e2a2ccf61cb1da7.jpg Најдебелото дете на светот внесува 10 000 калории дневно, не може да се движи и да биде физички активно, а нејзиниот кардиоваскуларен систем е веќе ризичен.


Честа да ја има оваа титула и припаѓа на Jessica Gaude и сосема оправдано – има 222 килограми.
За илустрација, таа јаде 15 сендвичи и неколку килограми чоколада на ден.

Последниот пат кога доброволно отишла на контрола, пред 4 години, Jessica имала 110 килограми. Потоа нејзината тежина се зголемувала, со што и било отежнато движењето, па нејзините движења се сведиле на влечење по подот. Од преголемата тежина нозете и се искривиле и скоро е невозможно некогаш да се вратат во нормална форма.

Сето ова започнало уште од првата недела по нејзиното раѓање. Мајка и секогаш кога ќе започнела да плаче (нормално, поради грчевите во стомакот што ги имаат сите бебиња) веднаш и го давала шишенцето со храна. “И го давав шишенцето и таа сакаше се повеќе и повеќе. Ништо не беше доволно за неа и беше постојано гладна“ – вели мајката.

И покрај напорите на докторите да ја разубедат мајката дека ова што го прави може да ја убие нејзината ќерка и дека ќе мора да престане да и дава се што ќе посака, таа продолжила со нејзината тврдоглавост се до денот кога Jessica била хоспитализирана поради проблеми со дишењето.
Но, приказната и не е баш толку тажна. Jessica се опорави и горделиво ја изгуби титулата “најдебело дете на светот“.

Во следното видео е прикажана Jessica во двете верзии.
{youtube}cNATWsVVwgo{/youtube}

За сите оние со прекумерна тежина – Jessica ослабе, можете и вие!

- Реклама -