Најдарежливата нација на светот

gift_introНе, не сме ние. Штета. Можеби е поради економската ситуација, можеби поради себичноста, но можеби е и поради традицијата. Сепак, во светот постојат држави кај кои подароците се дел од нивната култура и начин на живеење.

ray3yrold014
Не, не сме ние. Штета. Можеби е поради економската ситуација, можеби поради себичноста, но можеби е и поради традицијата. Сепак, во светот постојат држави кај кои подароците се дел од нивната култура и начин на живеење.
 

Според многу истражувања, Јапонија се смета за најдарежливата нација на
светот. За јапонците дарувањето е еден вид на комуникација,
покажување почит и благодарност.

Еве неколку правила кои што би требало да ги следите доколку сакате да
воспоставите врска со личност од Јапонија, па и било кој друг:

–  Подароците не мора да се екстравагантни, но и поскап подарок не е на одмет.
– Секогаш треба да бидат завиткани во хартија. Пожелно е да
се избегнува белата боја, бидејќи во нивнтата култура тоа симболизира
смрт.

– Избегнувајте подарок кој што содржи 4 дела. Бројот 4, на јапонски е “shi“, што пак асоцира на смрт.

– Никогаш не приредувајте изненадувања. Ако планирате да подарите
нешто, дајте некој гест со кој што би се ублажила ситуацијата.
– Доколку подарувате на повеќе лица, повикајте ги сите да
присуствуваат. Не е културно да им ги делите подароците одделно. 
– Исто така, не е културно кога подарувате еден подарок на некој член на тим, притоа да ги запоставите останатите членови.
– Не го потценувајте подарокот. Вниманието е бесценето.
– Подарокот предавајте го со двете раце.

Во меѓувреме, додека да купите подарок, подарете љубов. Никој нема да ви замери. 

- Реклама -