Секоја влада има тајни. Некои информации остануваат тајни поради безбедноста на населението, некои поради безбедноста на владата, а некои едноставно зашто се чудни или смешни.
Еве ги десетте најчудни владини тајни.
Четириесет и пет години по неговата смрт, Винстон Черчил сè уште е тема на разговори. Британското Министерство за Одбрана ја објави најновата група на документи поврзани со НЛО-а од Националната Архива, и меѓу повеќе од 5000 страници има и писма, напишани во 1999, од страна на внукот на поранешен член на Кралското Воздухопловство кој служел како телохранител на премиерот.
Тој во нив пишува за ситуација која наводно се случила за време на Втората Светска Војна кога Черчил сакајќи да спречи масовна паника наредил прикривање на средба помеѓу британски авион и мистериозен летечки објект, во наредните 50 години. Черчил наводно разговарал за настанот со американскиот Генерал Двајт Д. Ајзенхауер.
Иако Министерството за Одбрана нема документација поврзана со настанот, сепак нивните документи за НЛО-а од пред 1967 повеќе не постојат. Черчил дефинитивно постоел, и тој побарал извештај за летечки чинии во 1952 година.
Експерименти со телепатија на ЦИА
Во екот на Студената Војна, ЦИА спроведувала тајни, нелегални научни испитувања врз луѓе. Во програмата наречен МК-УЛТРА луѓе биле подложени на експерименти со дроги како LSD барбитурати, хипноза и (според некои извештаи) радиолошки и биолошки агенси.
Во 1973 директорот на ЦИА Ричард Хелмс наредил сите документи поврзани со МК-УЛТРА да бидат уништени. Сепак, подоцна истата година во Њујорк Тајмс имало статија за нелегалните активности. Во 1975 година Черч Комитетот предводен од сенаторот Френк Черч и комисија предводена од заменик претседателот Нелсон Рокфелер истражувале за програмата. Според нивните откритија, во текот на две декади ЦИА потрошила 20 милиони долари, ангажирала научници од триесетина универзитети и вршеле експерименти врз луѓе без нивно знаење. Некои историчари шпекулираат дека целта на програмата била создавање на метод за контролирање на мислите за програмирање на луѓе како атентатори. Во 1953 Ричард Кондон ја драматизарал идејата во трилерот „Манчурискиот Кандидат“ по кој бил направен филм со Френк Синатра. Програмата беше претставена на комичен начин во скорешниот филм со Џорџ Клуни „Луѓе кои зјапаат во кози“.
Област 51
Ниедна ваква листа не би била можна без да биде спомната Област 51. Тајната воена база која се наоѓа на околу 120 километри североисточно од Лас Вегас е тема на многу приказни – што е разбирливо со оглед на гласините за тајните експерименти со вонземјани кои наводно се случуваат таму. Но, пензионирани оперативци на ЦИА кои се ослободени од нивната заклетва за тајност раскажуваат за времето кое го поминале таму, јасно кажуваат дека таму нема вонземјани. Тие објаснуваат дека во шеесетите години од минатиот век таму се тестирале тајни шпионски авиони како А-12 и неговиот рекордер наследник SR-71 Blackbird. Група луѓе кои себеси се вбројуваат во оние кои работеле во Област 51 кажуваат дека биле плаќани или во кеш или со чекови од навидум неповрзани компании како Пан Американ Ервејс. Базата најверојатно сè уште тестира ултра тајни авиони и оружја, заради што сè уште е завиткана во мистерија. Но, сите можеме да се преправаме дека таму навистина има тела на вонземјани, поинтересно е така.
НЛО-а во СССР
Во 1967 година, советски астроном побарал „соработка на сите научници од светот“ за откривање на вистината за НЛО-та. Научникот Феликс Цигел кој бил убеден во постоењето на летечки чинии рекол „За жал, одредени научници и во Советскиот Сојуз и во Америка негираат дека постои проблем наместо да помогнат во неговото решавање“. Неговата загриженост била мотивирана од околу 200 извештаи за „светлечки срп“ чија „површина е малку потемна од месечината“. Според извештаите српот „исфрлал млазови, некогаш и искри“. Овие сомнежи ги натерале властите да започнат истрага за паранормални феномени во 1978 година. Заклучоците од истрагата наводно јасно ја исцртале сериозноста со која советската влада ја третирала можноста за вонземска инвазија.
Чудовиштето од Лох Нес
Во 1934 година, шкотски доктор тврдел дека видел чудовиште во длабокото езеро наречено Лох Нес. Тој земал фотоапарат и направил неколку фотографии кои станаа монументални фотографии на минатиот век. На нив, темен облик кој наликува на Бронтосаурус со долг искривен врат плива низ водата. Тоа беше доволно за привлекување на туристи, и од тогаш, илјадници луѓе тврдат дека го виделе суштеството. Но, дали оние кои верувале грешат? Барем некој во шкотската влада рекол не. Новообјавени документи откриваат дека поранешен прв човек на шкотската полиција, Вилијам Фрејзер, рекол „Не постои сомнеж дека има некакво чудно суштество во Лох Нес, но шансите полицијата да го заштити се мали.“ Иако шкотската влада сè уште не го потврдила постоењето на Неси, новите документи им даваат надеж на многуте ловци на чудовишта.