Британскиот премиер од Втора Светска Војна, Винстон Черчил, 50 години забранувал објавување на наводен инцидент со НЛО поради страв од масовна паника. Внукот на офицер од Кралската Авијација кој служел како личен телохранител на Черчил му пишал на Министерството за Одбрана во 1999 година за наводниот инцидент.
Неговата приказна и наводната реакција на Черчил биле содржани во документи од британската Национална Архива кои беа отворени за јавноста. Тој тврди дека неговиот дедо го чул Черчил како разговара за наводниот инцидент со американскиот врховен командант Двајт Д. Ајзенхауер.
Во извештајот кој бил доставен до Черчил пишувало дека извиднички авион кој се враќал во Британија бил следен од НЛО над Ламанш. Екипажот го сликал НЛО-то и според нив тоа „лебдело без звук“ крај нив пред да се оттргне.
Според писмото во кое е опишан настанот Черчил изјавил нешто во стилот „Овој настан мора веднаш да биде прикриен бидејќи ќе создаде масовна паника кај општата популација и ќе ја уништи човековата верба во Црквата“. [Churchill ‘banned UFO report to avoid mass panic’]