Најчуднитe козметички производи

Повеќе... Од третмани за коса со сперма на бик, до мрсули од горила како гел за коса – ова се едни од најнеобичните производи за убавина.

Од третмани за коса со сперма на бик, до мрсули од горила како гел за коса – ова се едни од најнеобичните производи за убавина.

Третман за коса со сперма од бик
a96799_a498_bull-hair.jpg

Верувале или не, спермата од бик станува популарна состојка во третманите за коса во салоните во Велика Британија. Се смета дека овој третман ја негува и ревитализира косата толку ефикасно што се нарекува „Виагра за коса“. Третманот чини околу 70 евра.

Таблети за намалување на миризбата на фецесот
a96799_a498_feces-odor2.jpg

Уште една јапонска иновација, пилули кои ви ветуваат дека вашиот фецес ќе биде потполно без непријатна миризба само после три дена. „Луѓето мора да бидат одговорни со својата миризба“ – пишува на шишето со таблетки, a 600.000 такви шишенца беа продадени само во првите 6 месеци од пуштањето во продажба.

Мрсули од горила како гел за коса
a96799_a498_gorilla-snott.jpg
„Moco de Gorila“ се продава во Мексико, а може да се купи и онлајн за $ 7.49.

Измет од птици за третмани на лицето
a96799_a498_bird-poo.jpg

Гуанинот, ензим кој се наоѓа во фецесот на славејчињата, е состојка која се содржи во голем број козметички производи, а се тврди дека исто така е многу добар за пилинг и обелување на кожата. Гејшите и Кабуки танчерите го користеле изметот од птици за да ја отстранат обилната шминка уште од 18 век, а денес е популарно (и скапо) средство за третман на лицето во светските салони.

UV заштита за нокти
a96799_a498_nails-sunblock.jpg

Имате крема за заштита на вашата кожа, можеби и посебен шампон за заштита на вашата коса од UV зраците, но сте заборавила и вашите нокти да ги заштитите од UV радијацијата? Qnc Labs, компанија за производство на средства за заштите на ноктите, има производ наречен „Sunblock for Nails“: го ставате како обичен лак и вашите нокти се заштитени од ултравиолетовите зраци. [10 Weirdest Cosmetic Products ]

- Реклама -