Зависност од погреби – Оваа зависност е толку необична што нема име. Бразилецот Luis Squarisi боледува од како што тој самиот вели зависност од погреби. 42 годишниот човек има присуствувано на сите погреби во неговиот град во последните 20 години и дури дал отказ да може да си ја задоволи својата зависност.
Зависност од погреби
Оваа зависност е толку необична што нема име. Бразилецот Luis Squarisi боледува од како што тој самиот вели зависност од погреби. 42 годишниот човек има присуствувано на сите погреби во неговиот град во последните 20 години и дури дал отказ да може да си ја задоволи својата зависност. “Ме поттикна смртта на татко ми во 1983. Првото нешто што го правам наутро- го пуштам радиото да слушнам дали некој починал, а ако не слушнам на радио се јавувам во болницата или во погребално” вели тој. Претставник на погребалното вели “Не сакаме да оди на терапија, сите очекуваат да го видат на погребите.”
Tanorexia е зависност од потемнување на кожата што и не е многу здраво; името доаѓа од субстанцата на зависност (tan-исончаност) и неправилностите на телото, како што е анорексијата. Има факти кои укажуваат дека УВ зависноста од потемнување може да биде биолошки поттикнувач на други зависности како што е создавањето на ендорфини кај атлетичарите, но бидејќи зависноста од потемнување е доста нова, третманите сеуште се изучуваат.
Привидение од некој рингтон и привидение дека некој мобилен вибрира и постојанотот проверување на е-пошта се знаци на BlackBerry зависноста. Експертите велат дека електронските пораки и смс пораките го “хранат” егото зошто го прават човекот да се чувствува важен. Терапијата од ваквата или слични зависности како што се обсесијата од интернет или мејлот мора да вклучува прекинување на шаблонот за некое време.
Пациентите кои немаат ваква зависност се задоволни кога ке се погледнат во огледало пред да излезат од дома; зависниците си помислуваат “само уште една операција”-па друга и друга-ќе им овозможат да се чуствуваат совршени. Оваа зависност може да биде како резултат од некое нарушување на телото кое всушност е болна преокупација со физичкиот изглед или со одреден дел од телото. Најпозната зависничка е милионерката Jocelyn Wildenstein која потрошила 4милиони долари на пластични операции до сега. Главната причина или причини на ваквата зависност не е позната но повеќето клиничари веруваат дека е некоја комплексна комбинација од биолошки, психолошки и социјални фактори.
Pagophagia е обсесивна потреба од џвакање мраз. Научните истражувања покажуваат дека Pagophagia може да биде знак на намалено железо во крвта. Зависноста од Б-витаминот може да ви помогне во создавањето на црвени крвни зрнца и витаминот Ц може да помогне во апсорпцијата на железо.
Се чини дека некои луќе едноставно не можат да престанат со белеење на забите до таму што веќе се смета за зависност. Бидејќи побелувањето на забите е едноставно и ефективно луѓето лесно стануваат зависни. Две несакани последици од оваа зависност се преосетливост на забите и иритација на непцата. Според некои истражувања само во Америка во 2006 година луѓето потрошиле 1.4 билиони долари на средства или методи за белеење на забите.