Најчудниот момент во историјата на светските шампионати

zair

Откако беа поразени од Шкотска со 2:0 и Југославија со 9:0, фудбалерите на Заир требаше да ги одмерат силите со моќниот Бразил, на кој му беше потребно да го порази Заир што е можно поубедливо.
Пред овој натпревар, Бразилците одиграа нерешено со Југославија и Шкотска (двата натпревари без голови), додека Југославија и Шкотска својот дуел го завршија со 1:1.
Дуелот меѓу Бразил и Заир беше последен во групата 2.
Бразилците водеа со 2:0 кога беше досуден слободен удар за нив во близина на шеснаесетникот на Заир. И тогаш се случи нешто што го збуни целиот свет.
Мвепу Илунга, одбранбениот играч од редовите на Заир, се залета додека Бразилците се подготвуваа да изведат слободен удар и ја дувна топката со сета сила, далеку од својата половина.

Најпрвин шокиран, судијата Николае Раинеа од Романија му покажа на Илунга жолт картон. По натпреварот, Илунга објасни:
Откако Југославија не победи со 9:0, режимот на чело со Мобуту Сесе Сека ни порача дека ќе ни биде забрането да се вратиме во Заир доколку од Бразил загубиме со четири гола разлика. Никој не знаеше под каков притисок игравме… Го направив тоа не толку многу од очај, колку во знак на протест поради таквата ситуација.
Бразил на крајот успеа да го постигне и третиот гол, на 11 минути пред крајот на натпреварот, на тоа и остана, со што Кариоките продолжија да се натпреваруваат и го освоија третото место, додека Заир, освен тоа што стана првата екипа од подсахарска Африка, која се квалификуваше на Мундијалот, влезе во вечноста како тим , чии играч направи нешто што на прв поглед може да се опише како најбизарен настан во историјата на светските првенства.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер
- Реклама -