Минатиот викенд, на пресушеното езеро Боневил во Јута, Американецот Боби Кливленд си го врати светскиот рекорд за најбрза косилка. Неговиот претходен рекорд, 130,08 километри на час, беше скршен од Британецот Дон Велс, кој постигна брзина од 141,35 километри на час. Британецот својот рекорд го поставил во мај на патека во Велс.

Но бидејќи идејата за тркање со косилки потекнува од Америка, соодветно е што рекордот за најбрза косилка го држи Американец. Планот на Килвленд бил да постигне брзина од 167,37 километри на час, користејќи екстремно модификувана косилка (која според правилата мора сè уште да може да сече трева). Во петокот, Боби успеал да постигне брзина од 143,14 километри на час со што го скршил рекордот на Дон Велс. Но тоа не било доволно, па откако направил мали приспособувања во текот на ноќта, во саботата поставил нов рекорд, 155,34 километри на час.