Веројатно претпоставувате како вкусното месо на вашата трпеза стигнува до неа и низ кои процеси поминува. Е па, полската кланица TG NOVA се погрижи да не претпоставувате повеќе, туку да видите со свои очи. Направи реклама која повеќе личи на анти-реклама снимена од некој посветен активист за правата на животните. Во најмала рака, ќе видите работи што не сакате да ги видите. Не е за оние со „слаб стомак“. Сепак, малку искреност во маркетингот не е на одмет. Сето ова е само неразделен дел од нашиот секојдневен живот, зарем не?