Награда за враќање украден лаптоп (видео)

наградаШто би понудиле како награда за да ги мотивирате луѓето да ви помогнат во потрага по украден лаптоп? Пари, благодарност? Епа, ако сте Курт Шор, тогаш наградата најверојатно ќе биде 28 грама марихуана.

Курт се подготвувал да оди дома после напорен ден на работа кога некој од неговите колеги го вклучил алармот по грешка. Курт го оставил својот автомобил и се вратил во зградата. Но во триесетте секунди во кои неговиот автомобил бил ненадгледуван на паркингот, крадец се послужил со неговиот лаптоп.

{youtube}U8UeMHAUoco{/youtube}

Во обид да го врати својот лаптоп, на кој имало фотографии од неговите деца, тој направил постер на кој ветува награда за оној кој ќе го врати компјутерот. Тој го поставил видеото од грабежот на YouTube каде што ветува една унца (28 грама) марихуана, но во духот на вистински директор на рекламна компанија додал „Вистинската награда може да биде поинаква“ со мали букви.

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата
- Реклама -