„Наезда“ на бебиња во Исланд, точно девет месеци по ЕП

Распараш ли Исланѓанец, на срцето ќе му најдеш гравирано „27 јуни 2016“ – денот кога фудбалските репрезентативци ја остварија големата победа од 2:1 над Англичаните и ги испратија да си ги пакуваат куферите за дома.

По мечот следеше големо славје, и очигледно не само со алкохол. Овој период, на 9 месеци по Европското, Исланд бележи рекорден број нови бебиња. Асгир Петур Порвалдсон – анестезиолог од болницата Landspitali, потврди дека болницата поставила рекорд во бројот на епидурални анестезии. „… Девет месеци по победата од 2:1 над Англија“, додава Порвалдсон.

Прочитајте и:  Американски технолошки стартап им ветува на родителите попаметни бебиња
- Реклама -