Рафаел Надал (38) нема да игра на овогодинешниот УС Опен, официјално е објавено на неговиот профил на социјалните мрежи.
Иако настапи на Олимписките игри, каде во второто коло загуби од Новак Ѓоковиќ со 2:0, Надал нема да го видиме во Њујорк каде имаше многу успеси во текот на кариерата.
Надал преку социјалните мрежи објави многу важна одлука.
„Здраво на сите, пишувам денес за да ви кажам дека решив да не се натпреварувам на овогодинешниот УС Опен, место каде што имам неверојатни спомени. Ќе ги пропуштам тие електрични и специјални ноќни сесии во Њујорк во Еш, (главниот терен Артур Еш), но мислам дека овој пат не би можел да дадам се од себе“, напиша Надал покрај фотографијата со трофејот на УС Опен.
Тој откри и каде ќе го гледаме во блиска иднина.
„Посебна благодарност до сите мои фанови во САД, ќе ми недостигате сите и ќе се видиме следниот пат. Среќно на сите на секогаш фантастичниот УС Опен! „Мојот следен настан ќе биде Лејвер купот во Берлин“, се вели во соопштението на Надал.
Надал освои четири трофеи на УС Опен, но долго време се мачи со повредите и прашање на време е кога ќе ја заврши кариерата.