Над 60 новозаразени во последниве 24 часа, повторно има и починат

Повеќе од 60 нови случаи и еден починат од Ковид-19 се регистрирани во последниве 24 часа во државава, информираат од Институтот за јавно здравје за МИА.

Како што пренесува агенцијата, повторно најголемиот дел од новодијагностицираните се од Скопје.

Повеќе информации ќе соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција закажана за во 15 часот.

- Реклама -