ОН: Над 1.2 милиони луѓе ја имаат напуштено Украина од почетокот на војната

Киев, 4 март 2022 (МИА) – Над 1.2 милиони луѓе ја имаат напуштено Украина од 24 февруари, откако почна инвазијата на Русија врз Украина, објави ОН.

Околу половина милион од бегалците се деца, проценува УНИЦЕФ.

УНХЦР претходно соопшти дека војната во Украина, може да резултира со над четири милиони украински бегалци. Шефот за комуникации на УНХЦР, Јонг-ах Гедини-Вилијамс, рече дека тоа е „огромен егзодус“.

„Постои можност исто толку бегалци да се раселени во земјата“, додаде тој.

Прочитајте и:  Волстрит џурнал: Уништен еден од шестте ловци Ф-16 што ги поседува Украина
- Реклама -