Уморни сте, демотивирани, исцрпени, и не ви е до ништо? А притоа сте испланирале излегување, или, пак, ве очекува работен состанок на кој не смеете да изгледате уморно. Еве како да ги наполните батериите за само неколку минути.
Терапија со мириси
Ведрото расположение доаѓа и преку сетилата за мирис. Причината е во тоа што носот е директно поврзан со делот од мозокот кој е надлежен за емоциите. Вдишете мирис на ѓумбир, нане, мандарина или цитрон.
Масажа на ушните ресички
Силно масирајте ги ушните реси со палецот и показалецот. Акупресурата на ушите има речиси исто дејство како и масажата на целото тело.
Влечете прамени коса
Исцрпени сте и не можете да се сконцентрирате? Во тој случај ќе ви помогне овој мал трик: влечете ја косата прамен по прамен нагоре, така што кожата од главата благо ќе се подигнува. На тој начин се подобрува циркулацијата и се зголемува будноста.
Длабоко дишење
Вдишете и издишете длабоко – овој метод прави чуда. Полека вдишете водзух низ носот така што кислородот ќе допре до стомакот, а потоа исфрлете го низ устата, 10 пати.
Цупкање со нозете
Еве и вежба за оние кои се принудени долго да стојат: заземете расчекор (во ширината на колковите), потоа цупнете со десната, па со левата нога, забрзувајќи го темпото. По оваа вежба ќе почувствувате олеснување во нозете. Исто така, може нозете да ги попрскате со спреј за разладување, кој делува веднаш.
Миризлива купка
Во полна када ставете етерично масло кое делува стимулативно на организмот (рузмарин, лимон). Преку сврзното ткиво и лимфниот систем овие супстанци продираат во крвотокот и ја поттикнуваат циркулацијата и работата на органите. Доколку маслото го помешате со павлака, полесно ќе се раствори во водата.
Играње и пеење
Пуштете ја вашата омилена музика и со неа играјте и пејте. Брзите ритмови како што е салсата едноставно го тераат човекот да се разигра. Срцето и пулсот се забрзуваат, а внатрешните батерии се полнат со енергија.
Џогинг за мозокот
Вкрстените зборови и крстозборите ви овозможуваат да го тренирате мозокот до длабока старост. Со ова, доволни ви се десет минути за да се наполните со енергија. Додека ги решавате, удобно сместете се и добро сконцентрирајте се, бидејќи организмот само така може да се регенерира.
Топло-ладно туширање
Тушот ја поттикнува циркулацијата – започнете со топла вода, продолжете со ладна, па повторно со топла, и задолжително завршете со ладна вода (во три циклуси).
Прошетка
Наједноставен начин да се ослободите од уморот е да се прошетате на свеж воздух. Прошетајте 15 минути со брзо одење (добар за циркулација и го намалува стресот).
Слатко-лут коктел
Изматете 300 грама млеко, банана, една лажица мед и лути пиперчиња. Состојката капсаицин од пиперчињата и хормонот за среќа серотонин од бананата веднаш ќе ве разбуди и расположи.
Масажа на главата
Со масажа сигурно ќе го победите уморот, а азиската масажа на главата е особено ефикасна. Ставете ги прстите низ средината на темето, а потоа со тапкање благо масирајте ја целата глава од горе надолу, а потоа од средината кон челото.
Уживајте во шолја чај
Чајот има стимулативно дејство, ако оставите филтер-вреќичката да отстои барем три минути. Во чајот може да додадете и мелено каранфилче, бидејќи е добро за циркулација и лачење на желудочна киселина.