Освен чевлите, една од најважните женски „слабости“ се и чантите.
Не е важно дали сакате мали, големи, спортски, класични или елегантни, сигурно не сте знаеле дека начинот на кои ги носите многу зборува за вашиот карактер.
Експертот за говор на телото Пети Вуд тврди дека начинот на кој жената ја носи чантата вели многу за нејзината личност.
Преку раце
Укажува на моќ и самодоверба. „Ја носите чантата како да е медал на честа. Се чувствувате супериорно и надмоќно“, вели Вуд.
Неколку чанти истовремено
Поголемата е обесена на рамо, а помалата ја држите во раце? Вие сте изморени и исцрпени. Имате проблеми со концентрацијата и по малку сте отсутни.
Преку рамо
„Жените кои ја носат чантата обесена преку рамо и ја префрлаат на спротивната страна додека нивните раце се слободни, свесно сокриваат дел од својата фигура и облека“, објаснува експертот.
Чантата ја држите пред себе со двете раце
Најчесто доаѓа во комбинација со срамежлива насмевка и прекрстени нозе. Завземате малку одбранбен став и оставате впечаток дека ги штитите своите работи. Доколку таков став завземете за време на состанок, тоа покажува дека се чувствувате чудно, бидејќи не знаете како сето тоа ќе заврши.
Чанта со долга прерамка
Обесена е на едното рамо и виси на долга прерамка. Испраќате порака дека немате контрола над својот живот.