Не баш кратко видео снимено на улиците на главниот град Пјонгјанг. Снимено е со дозвола на севернокорејската влада, така што нема да видите нешто што Ким Јонг Ун не сака да видите, ама ќе видите ретка глетка од град со широки и речиси празни улици, без метеж и без збиени облакодери.