На трибините во Ј. Кореја, наместо фанови, ќе навиваат роботи

„Ханва Соколи“ е јужно-корејски бејзбол тим познат по тоа што многу губи. И покрај тоа што фановите го прекрстија тимот во „Ханва Кокошки“, тие се едни од најтрпеливите и најверни навивачки групи, бодрејќи го тимот во секој нов пораз. Стадионот има и премногу публика, во споредба со резултатите, но официјалните лица не се задоволни со толку.

„А што е со оние што не можат да присуствуваат? Што е со оние што го следат натпреварот на мобилните телефони и пред компјутерите? Имате ли претстава што ќе се случи ако и тие бидат вклучени?“ – праша некој. Имаме одговор: Ништо. Ама, раководството на тимот не мисли така, па реши да постави интерактивни роботи на местата каде што треба да седат навивачи.

http://usatftw.files.wordpress.com/2014/07/robots.gif?w=1000

„Фанбот“ е првиот робот од ваков вид во светот. Со негова помош, навивачите (оние реалните) ќе можат да ја пружат својата поддршка преку твитови, фејсбук коментари и смс-пораки, кои ќе бидат емитувани на џиновските екрани, додека седат зад веб-камерите на своите теефони и компјутери. Но, не е само тоа. Fanbot-овите ќе бидат задолжени за живоста на публиката – ќе иницираат „бранови“, ќе ги предводат навивачите во клучните мигови, ќе предлагаат текстови и песни, ќе мафтаат со табли и знамиња.

- Реклама -