На Трамп веќе не му пали ракувањето

Првото нешто што стана очигледно кога стана претседател е дека Доналд Трамп се ракува како дивјак и дека го користи тоа како начин да наметне авторитет и можеби стравопочит врз другата страна.

Настрадаа многумина: Нил Горсуч, Мајк Пенс, Рекс Тилерсон, па и јапонскиот премиер Шинѕо Абе.


Но, брзо го научија. Канадскиот премиер Џастин Трудо знаеше што го чека и беше подготвен. Видлив е дури и моментот кога ја стега вилицата, што само е знак за тоа што се одвива под навидум обичното поздравување.

Trudeau knew what was coming from TrumpHandshakes

Неодамна Трамп патуваше во Саудиска Арабија, Израел и Ватикан. Се сретна со:

Претседателот на Таџикистан, Емомали Рамон:

Ако нечија рака страдаше, тоа беше раката на Трамп. Тотално натсилен.

Слично беше и со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху:

https://youtu.be/DnzOd9vbybc?t=6

Особено откако завршија со говорите. Повеќе изгледаше како туркање на рака.

Од друга страна, Трамп се сретна и со Папата. А таму, фала му на бога, покажа дека знае да се поздрави и нормално. Што само потврдува дека во сите останати случаи е намерно безобразен.

 

- Реклама -