Најновите истражувања на најголемата месечина на Сатурн, Титан, покажуваат дека таму можеби има услови за живот. Со октривањето дека во нејзината атмосфера има аминокиселини и нуклеиди, има надеж за почеток на живот на месечината.
Хемиските „букви“ со кои е напишан основниот код за животот на Земјата можно е да постојат и на Титан, најголемата месечина на Сатурн, според најновото истражување. Овие откритија сугерираат дека составните блокови на животот на Земјата веројатно потекнуваат и од воздухот, а не само од првобитните води (океани) на Земјата. Базирано на лабораториски експeрименти, научниците открија дека тенката атмосфера на Титан содржи пет таканаречени нуклеоидни бази кои се користени во нашата ДНК и РНК, како и некои едноставни амино киселини – составните блокови на протеините.
„Но, ова не значи дека Титан може да биде домаќин на птици, риби, па дури и микроби како тие на Земјата“, вели Сара Хорст, дипломец на Универзитетот во Аризона, во лунарната и планетарната лабораторија. „Ако има живот на Титан, најверојатно од многу различни причини не ги користи молекулите кои ги има во животот на Земјата“. За споредба, Титан е многу постуден од Земјата: -290 степени Фаренхајт, или -180 степени Целзиус. „Исто така, животот на Земјата е базиран на вода, додека пак нема вода во течна состојба на површината на Титан која има услови за живот.“ Иако има езера на Титан, се верува дека тие се полни со течен метан.
Наместо тоа, Хорст и нејзините колеги мислат дека овие резултати укажуваат дека животот на Земјата потекнува од дел од некои атмосферски компоненти. „Една од причините за кои мислиме дека ова е возбудливо е тоа што атмосферата на Титан ни дава „прозорец“ кон тоа какви молекули можат атмосфери слични на нашата да произведат “, вели таа. „Со Титан, можеме да го следиме процесот, бидејќи се случува токму сега. Но, сега има многу докази дека Земјата имала атмосфера слична на таа на Титан и дека веројатно сега има многу егзопланети кои ги имаат истите хемиски состојби.“
Молекулите на Титан реплицирани во лабораторија
На состанокот на Американскота Астрономска Асоцијација на Планетарни Науки во Пасадена, Калифорнија, беа покажани новите лабораториски резултати, кои се базирани на откритијата од леталото Cassini на НАСА. Леталото Cassini го прочуваше системот на Сатурн уште од 2004. Едно од тие откритија е дека атмосферата на Титан од нитроген, метан и други хидрокарбони се „хранат“ со постојан проток на кислородни јони од блиската ледена месечина Енкеладус, кои таквите јони ги испушта од гејзерите во јужната хемисфера. „Cassini исто така откри дека на врвот од амтмосферата на Титан, околу 1.000 км. од површината, има многу тешки молекули“, вели Хорст.
Ова е нешто кое никој не би го предвидел“, таа вели. „И сеуште не е познато зашто овие работи се таму. Но секогаш кога Cassini го прелетува Титан, ги гледаме повторно и повторно, па знаеме дека се вистински.“ Тоа ја инспирирало Хорст и нејзините колеги да сфатат кои типови на големи молекули можат да се формираат кога се испушта кислород во атмосферата на Титан. Па, во лабораторија, тимот ја симулирал атмосферата на месечината и ги управувале молекулите со енергија слична на онаа која ја добиваме од сончевата светлина. Хорст тогаш направила список на интересни молекули – вклучувајќи амино киселини и бази на ДНК и преку компјутерски програм направила споредба од листата и добиените податоци од експeриментот. „Ја направив листата, ја ставив во компјутерот и стиснав ентер. Отидов да направам нешто, а кога се вратив компјутерот принташе долга листа на најдени молекули кои беа најдени – јас само стоев таму и си велев дека ова неможе да биде точно…па го повторив тоа неколку пати и молекулите сеуште беа тука.“
Хорст исто така додаде и дека резултатите не значат дека Титан е домаќин на сите тие молекули.
„Невозможно е совршено да се реплицира атмосферата на Титан во лабораторија“ Додека Cassini може да ги види основните компоненти на молекулите на Титан, леталото нема толкава резолуција за да види како тие атоми се поврзани. Но, ако Титан навистина формира нуклеоиди и амино киселини во својата атмосфера, можно е дека и првобитната атмосфера на Земјата била извор на овие молекули.
Формирањето на молекулите во атмосферата значи дека сончевата светлина навистина може да биде извор на енергија, па овие реакции можат да се случат насекаде на планетата – не е потребна водата воопшто. Ова е значаен податок, бидејќи дава надеж дека ова можеби е почеток на живот. Според Хорст, за да се види дали овие молекули навистина се способни да создадат живот, ќе треба летало со многу посензитивни инструменти. Но, можат да поминат многу години додека се случи тоа.
„Во меѓувреме, ние сеуште можеме хемијата на Титан да ја истражуваме во лабораторија“
[Saturn’s Largest Moon Has Ingredients for Life?]