Иден брачен пар ќе прави свадба во Рамстор Мол?
Во Рамстор Мол на големо се прават подготовки за големата свадбена прослава која како што дознаваме од неофицијални извори од трговскиот центар ќе се одржи по Велигденските празници.
Засега сите детали за оваа активност се чуваат во голема тајност. Доколку навистина менаџментот на Рамстор Мол издал дозвола за свадбена веселба во рамки на трговскиот центар оваа активност без сомнение ќе ги надмине сите досегашни случувања и кампањи кои се организирале во рамки на еден трговски центар во земјата но и во регионот.