Lure Hsu e ентериер-дизајнер и модна блогерка, и има 41 година. Пред некое време ршум правела по социјалните мрежи, не заради професијата, туку затоа што изгледа како студентка.
Во меѓувреме, излезе дека и сестрите на Lure не се поарни. Sharon има 36 години. Fayfay има 40. Ете ги трите, на сликата горе.
А мајка им… Мајка им е бивша танчерка, а изгледа ко да им е четврта сестра. Жената има 63 факин години! Таа е, во средина:
Тајната, наводно, е вода. Едната вика дека најважна е хидрацијата на кожата. Демек штом еднаш кожата ти има доволно вода, не мораш да ѝ се секираш за брчки. Другата сестра го вика истото, дека пиела по 350-500 милилитри млака вода по сабајле.
И толку. Пијат вода. Тоа е.
Од една страна, ова мора да е некоја глупа заебанција на која наседнале милионите лајкувачи по интернетов. Од друга страна, од Тајван се. Кој ќе ги знае.
Држте уште неколку заеднички слики (појма неаме која е која).
Следниве слики се од нивните профили.
41-годишната:
40-годишната:
36-годишната: