На скопскиот аеродром уапсени двајца Камерунци со скоро еден милион фалсификувани евра

Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) – Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, дознаваме од извори на истрагата.

Според нашите извори, тие во Скопје допатувале од Милано.

Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.

Прочитајте и:  Кривична пријава против 25 вработени во МВР за несовесно работење во службата
- Реклама -