На Сатурновата месечина Енцелад има услови за живот?!

Cassini-mission-nasaНаучниците од НАСА открија нови докази дека под површината на шестата по големина месечина на Сатурн се наоѓа вода, а со тоа и услови за живот.

article-1249632-042A21B00000044D-110_468x536Научниците од НАСА открија нови докази дека под површината на шестата по големина месечина на Сатурн се наоѓа вода, а со тоа и услови за живот.

Експертите ги анализираа податоците од вселенското летало Cassini кое ја  прелета ледената областа на Енцелад која била создадена од ледените вулкани. Таму беа откриени негативно набиени молекули со вода, што е јасен знак дека таму постои подземно море. Таков тип на јони постојат само на Земјата и тоа на места каде што се движи водата, како водопадите или брановите кои се судираат во океанот. Научниците велат дека е познато дека таквите млазеви содржат вода, но претходно не беше познато дали е тоа баш течност, а ако на Енцелад има вода што течи, се верува дека на оваа месечина има услови потребни за одржување живот.

Прочитајте и:  Поради ВИ технологија, Гугл има 48 отсто повеќе емисии на стакленички гасови

Податоците беа собрани со помош на инструмент кој се нарекува спектрометар на плазма кој ја мереше густината, температурата и брзината на јоните и електроните кои беа собрани додека Cassini летал над месечината. Научниците велат дека доказите упатуваат и на други составни делови на животот, како што се јаглерод и извор на топлина кој ја одржува водата во течна состојба, а каде што има вода, кислород и енергија, таму се и најважните состојки потребни за живот.

Инаку, Cassini е проект на НАСА, Европската вселенска агенција и Италијанската вселенска агенција и постигнува големи успеси откако леталото во 2004 почна да кружи околу Сатурн и да ги проучува неговите прстени и месечини. [Enceladus: Nasa discovers new evidence that Saturn moon ‘may contain life’]

- Реклама -