На сателит на Јупитер може да има живот

На еден од сателитите на Јупитер може да има живот.

Ова стана јасно откако НАСА објави нова висококвалитетна слика на Европа – четврт по големина природен сателит на планетата.

Слика на небесното тело беше направена уште во 90-тe години на минатиот век со помош на вселенскиот апарат „Галилео”.

По обработка на сликата со современи методи, поголемиот дел од Европа веќе може да се види со висока резолуција и во реалистични бои.

Површината на сателитот е покриен со ледена кора под која според научниците се наоѓа океан, каде е можно да има живот.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани
- Реклама -