На Самитот Канада – ЕУ потврдена поддршката за Украина

На вчерашниот Самит Канада – Европска Унија беше ветена „непоколеблива“ поддршка за Украина во нејзината борба против руската инвазија.

– Ќе бидеме со Украина колку што ќе биде потребно. Ќе работиме на исполнување на непосредните воени и одбранбени потреби на Украина и ќе обезбедиме дека ќе бидат исполнети и нејзините „долгорочни безбедносни потреби, се наведува во заедничкото соопштение на канадскиот премиер Џастин Трудо, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

Трудо најави и донација за Украина од 11.000 пушки и над девет милиони куршуми. Од почетокот на руската инвазија, Канада се обврза дека воено ќе ја помогне Украина во вредност од 2,4 милијарди канадски долари (1,34 милијарди евра).

Прочитајте и:  Столтенберг: Војната во Украина ќе трае се додека Путин не сфати дека не може да победи

На Самитот, Мишел посочи дека ЕУ е подготвена „да направи уште повеќе во следните недели“ во поддршката на Украина.

Додека Лајен најави дека набрзо ќе биде објавено како ќе се користат средствата запленети од Русија.

Канада и ЕУ исто така објавија дека преземаат чекори кон нови партнерства во областа на „зелената енергија“, „дигиталната трансформација“ и финансирањето на истражувањата.

Канада, исто така, постигна договор за изградба и испорака на авиони за гаснење пожари во ЕУ.

Тројцата лидери се состанаа во најисточната провинција на Канада како дел од самитот Канада-ЕУ. Претходниот беше во јуни 2021 година во Брисел.

МИА

- Реклама -