На својот прв состанок оваа двојка позирала во вестерн стил. Две децении подоцна нивната љубов била поцврста од кога и да било, па сега веќе брачните сопружници решиле да направат римејк на оваа фотографија.
Иако нивниот физички изглед е видно променет, сепак, она што претставува вистинско освежување за новата фотографија се нивните две деца. Облечени во каубојски костими тие се придружиле на нивните родители кои на ваков креативен и симболичен начин сакале да ја одбележат нивната годишнина.