Јапонците (а кој друг?) измислија четка за заби која работи исто толку, ако не и поефикасно, но без паста.
Клучот е во нанотехнологијата на четката, која е дело на дизајнерот Кошо Уешима, а ја произведе јапонската компанија Yumeshokunin. Ги чисти забите на принцип на минерални јони, наместо со стандардна забна паста.
Јоните на четката се активираат кога ќе се натопат во вода. Токму тие јони ги чистат забите и ги отстрануваат остатоците од храна и дамките, а воедно ја штитат и забната глеќ.
Четката е наречена „Misoka“, што значи „последен ден во месецот“. Тоа е затоа што треба да се менува на интервали од еден месец.
Откако првичната верзија беше продадена во 2 милиона примерока во Азија од 2007-та година па наваму, компанијата направи редизајн за европскиот пазар, која ќе биде претставена на Salone del Mobile настанот, во Милано, идната недела.