На мажите им е потешко да раскинат

Најновото истражување покажува дека спротивно на популарното мислење, на мажите им е потешко да ја прекинат врската, отколку на жените.

Имено, резултатите покажуваат дека на припадничките на понежниот пол во просек им се потребни 6 дена да донесат одлука за прекин со партнерот, додека кај мажите истиот процес трае најмалку 10 или повеќе дена. Но, тоа не е затоа што мажите се „мекуши“ или не им е грижа – штом ќе влезат во врска, мажите положуваат повеќе надеж дека таа ќе успее, отколку жените.

Исто така, резултатите велат дека секој маж би седнал со партнерката и смирено би разговарал, само доколку постои и најмала шанса проблемот да се реши.

Наводно, дури 88 проценти од мажите трошат доста време за да ја осмислат правилната „стратегија на излез“ од врската, со цел процесот да биде што помалку трауматичен за другата страна т.е. партнерката да ја остават што помалку огорчена. Тоа е главната причина што мажите не сакаат да иницираат раскини.

„Мажите често мислат дека така ќе ја повредат својата партнерка и повеќе отколку тоа реално ќе се случи“, пишува Cosmopolitan.

Жените пак, не се толку исплашени околу тоа дали другата страна ќе биде повредена, бидејќи гледаат долгорочно кон иднината и знаат дека таквата одлука е најдобра за двајцата.

„Жените јасно знаат што сакаат и на тоа ги темелат своите одлуки. Мажите живеат главно во сегашноста“, стои во заклучокот од истражувањето.

- Реклама -