Чудна ствар се луѓето. Не само што ете, имаат празници како Халовин и резбаат тикви и облекуваат страшни маски, туку и се палат на тикви и страшни маски, се чини. Буквално, во сексуална смисла.
PornHub, како и во многу други прилики, и сега е тука да го соочи човештвото со благо-засрамувачките статистики. Неодамна објавениот извештај, конкретно, покажува како миленијалците го користат нивниот сајт на 31 октомври.
За почеток, посетеноста на сајтот зависи од дневните активности. Посетеноста е на вообичаеното ниво во текот на денот, но потоа околу 19 часот опаѓа за цели 27% – веројатно кога луѓето излегуваат на trick-or-treat (она кога идат од врата на врата за бонбони) и потоа продолжуваат на тематски забави. Така е до полноќ, по што посетеноста сé повеќе расте, а веќе во 3 часот по полноќ бележи скок од 15% во споредба со вообичаениот интернет сообраќај за тој дел од денот (поточно ноќта).
И, што пребаруваат корисниците во 3 часот наутро на Ноќ на вештерките? Според извештајот, пребарувањата на „Halloween sex“ бележат зголемување за 3369%, додека пребарувањата за „trick or treat“ и „Halloween“ бележат скок од 2582% и 1981%, соодветно. Вкупно, пребарувањата што содржат „Halloween“ бележат раст од 1173%. Зголемената популарност знае да трае и преку целата наредна недела.
Што се однесува до типот на костуми што луѓето ги пребаруваат во доцните „вештерски“ часови, нема толку голема промена. Термините како „teacher“, „maid“ и „nurse“ се секогаш популарни, а тука се и „police“, „cop“ и се што вклучува „cat“ и „kitty“ или „kitten“. И пребарувањата за суперхерои се во истиот кош, со тоа што поп-културата влијае на популарноста одреден карактер. На пример, Harley Quinn e најпопуларниот пребаруван косплеј карактер, пред Zelda и Laura Croft.
Сепак, влијанието на Халовин врз изборот на порно содржини најдобро се гледа од тоа што на 31 октомври, пребарувањата за „costume“ („костум“, нели) пораснуваат за 189%, а пребарувањата за „scary“ („страшно“) за цели 217%, ама и на „zombie“ – со 215%, и на „vampire“ – со 170%…
Чудно е, ама па и не чудно. Ако веќе си решил/а да гледаш „секс меѓу духови“, макар и од љубопитност или зашто знаеш дека ќе биде смешно, има ли подобра вечер од Ноќ на вештерките?