На натпреварот од Кошаркарската асоцијација на Филипини (ПБА) помеѓу Мералко Болтс и Магнолија Хотшотс (99:94) вчеравечер беше постигнат првиот кош кој вреди четири поени.
Автор на првиот удар за четири поени во историјата на кошарката е Американецот од тимот на Болтс, Крис Банчеро.
Пред него, Крис Њусом беше првиот што се обиде да го погоди обрачот од зад лакот за четири поени, но промаши.
Филипинската лига е првата професионална која спроведе линија за четири поени која е на далечина од 8,2 метри од обрачот.
Лигата ја тестираше иновацијата на два „Ол-стар“ натпревара.