Пред една година, светот пишуваше за Ден Прајс – директор на Gravity Payments, а и веројатно најдобриот директор во светот.
Компанијата на Прајс работи од 2004 година, и тоа, според ланскиот Ден Прајс – мошне успешно: пред две години имала обрт од 6.5 милијарди долари. Сметајќи дека голема заслуга за тоа имаат и неговите 120 вработени, тој пред една година си ја намали својата годишна плата за да им даде покачување. Прво, ја покачи годишната минимална плата за сите во фирмата на 70.000 долари т.е. за 20.000 долари повеќе од претходно. Второ, си ја намали својата плата од 1 милион долари – на минималната сума од 70.000 долари.
„Општиот однос на извршните директори кон обичниот човек е апсурден. Јас сакам да ги променам работите“, рече тогаш Ден.
Сега, една година подоцна, вработените во Gravity се здружија за да му се оддолжат што е вистинска легенда од човек. Последните 6 месеци заеднички собирале пари за да му го купат единственото нешто за кое често зборувал дека сака да го има – Tesla.
И се случи. Освен еден шегобиец од редовите на вработените, во гепекот му оставија и табла на која пишуваше:
„Ден. Ти благодариме што секогаш го ставаш тимот пред себе. Овој подарок е нашиот начин да ти покажеме колку многу ни значи твојата жртва“.