На џинџерите не им ја сакаат спермата

ginger-hair-man_3416094k[1]

При изборот на донатор за сперма, жените во речиси 100% од случаите во сам старт ги елиминираат црвенокосите/црвенобрадите мажи, во интернет јавноста попознати како „џинџери“, а во интернет заебанциите познати како „луѓе без душа“.

Е па, не само што немаат душа, туку немаат и среќа со банките за сперма. Побарувачката за црвени мажи е толку мала, што од најголемата светска банка за сперма – Cryos, велат дека наскоро ќе немаат потреба од нив.

„Спермата на црвенокосите брзо се продава во Ирска, но во другите земји нема голема побарувачка“, рече Оле Шчоу – директор на Cryos.

„Сметаме дека жените не сакаат да изберат црвенокос донатор, освен ако нивниот стерилен партнер не е црвенокос“, додаваат од банката.

Е па, кои се најбарани? Мажите со смеѓа боја на коса и сини очи, на пример, се многу популарни.

Cryos набавува сперма од повеќе од 65 земји ширум светот, а донаторите можат да добијат и до 500 американски долари… освен ако не се џинџери.

- Реклама -