На денешен ден: Џерард, бананата и Мурињо

27 Април 2014

gerard
Цртеж – Омар Момани

Беше тоа добра шанса за „проколнатите“ да ја освојат долго очекуваната, прва титула во Премиер лигата.

Ливерпул, тогаш под палката на Брендон Роџерс ја имаше посакуваната форма и игра. Беа во победнички ритам, а им остана уште една пречка. Го пречекаа Челзи на Енфилд. Победата за црвените беше императив, додека на сините не им значеше ама баш ништо, освен да ја продолжат мизеријата на Ливерпул. За остварувањето на таквите моменти постои само еден експерт кој доаѓа од топлата Португалија.

Ливерпул играше фудбал, Челзи газеше по нервите на противникот. Прв на притисокот му се предаде оној кој најмалку смееше. Токму капитенот, оној на кој најмногу му значеше овој натпревар. Оној кој живееше за моментот да го крене пехарот на домашното првенство. Токму миленикот на публиката и лидерот на клубот во последните 15 години.

Прочитајте и:  Слот израмни рекорд во Премиер лигата

Се играше продолжетокот од првото полувреме кога Сако му додаде ја додаде топката на Џерард. Овој се лизна на „лушпата од бананата која му ја подметна Мурињо“, а Демба Ба како брз воз истрча до противничкиот гол и како на тренинг реализираше.

Второто полувреме Ливерпул се обидуваше да постигне гол со сите оружја кои ги имаше на лагер, но залудно.

93-та минута, контра на Челзи, Вилијан до Торез, овој назад до соигачот, и Бразилецот во празната противничка мрежа, за ликвидација на сите надежи на играчите и навивачите на вториот најтрофеен клуб во англискиот клубски фудбал, но не и во Премиер лигата.

- Реклама -