На барање на Киев, утре ќе заседава Советот на НАТО и Украина

Според најавите, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на утрешниот состанок преку видеоврска ќе ги информира сојузниците за ситуацијата на бојното поле и за приоритетните потреби на украинската армија

На барање на официјален Киев, генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, за утре свика состанок на Советот на НАТО и Украина. Средбата, како што најави портпаролката на Алијансата, Фара Дахла, ќе се одржи на ниво на амбасадори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг / Архива: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Според најавите, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на утрешниот состанок преку видеоврска ќе ги информира сојузниците за ситуацијата на бојното поле и за приоритетните потреби на украинската армија.

„Утрешната средба се свикува по последните тешки руски напади врз украинските цивили и инфраструктура. Сојузниците од НАТО пружија значителна поддршка за воздушната одбрана на Украина и се решени да продолжат да ја зајакнуваат“,

изјави портпаролката на НАТО-Алијансата.

Советот НАТО-Украина беше основан лани за да обезбеди поблиска координација помеѓу Алијансата и Киев.

- Реклама -