Германската полиција привела 57 годишен возач кој тврдел дека не му е потребна возачка дозвола, доколку вози бавно.
Возачот бил стопиран на патот во близина на градот Лауф, бидејќи возел автомобил со брзина од 20 км. на час, а на кој ставил видлив натпис „Немам возачка дозвола“. Тој им кажал на полицајците дека не му се потребни возачка дозвола, регистерска табличка и осигурување ако вози со минимална брзина.
Германската полиција објавила дека според сите расположливи податоци овој човек возел автомобил на истиот начин неколку децении.
Полицијата признала дека постојат автомобили кои се движат толку бавно, што за нив не е реално потребна дозвола, но дека сепак тие возила мораат да бидат технички подесени на минимална брзина. Сепак, и во таквите слуачи на автомобилот му е неопходна регистерска табличка и осигурување.