Македонскиот машки кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром имаше успешен старт во новата сезона во АБА-2 лигата.
Екипата од Аеродром славеше над Теодо од Црна Гора со 68-50 во меч во кој имаа контрола на резултатот во текот на целиот натпревар.
Војдан Стојановски беше прво име кај МЗТ со 13 поени, пред Баковиќ со 12 поени, додека кај Тиват се истакна Кусовац со девет поени.
Во следното коло од АБА2-лигата, МЗТ Скопје гостува кај Цедевита Јуниор во Хрватска.