Натпреварот против Феникс 2010 послужи како добра подготовка пред значајниот натпревар во четврток од АБА лигата против Сплит. Текот на мечот беше таков, што шанса добија сите играчи од клупата.
Со серија од 11-0 во втората четвртина, МЗТ Скопје дојде до предност од 27-14, позитива која тимот од Аеродром ја одржуваше лесно до самиот крај.
Најдобар на мечот беше Самит Југитоглу со 17 поени, имаше само едно промашување од поле (6/7), запиша и 11 скока, Миќовиќ постигна 13 поени, а Бојан Крстевски и Дамјан Стојановски по девет.