При анализи за детекција на ковид сојот Омикрон во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје, омикрон бил детектиран кај осум пациенти од Скопје и еден пациент од Кочани, соопшти Министерството за здравство.
Во лабораторијата се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај девет пациенти детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37.5 отсто од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани, информираат од Министерството.