МЗ на Газа: Во израелските напади има 5.791 загинати, вклучувајќи 2.360 деца

Најмалку 5.791 Палестинец се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, меѓу кои 2.360 деца, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Во соопштението се посочува дека само во претходните 24 часа биле убиени 704 Палестинци.

Исто така, околу 1,4 милиони од 2,3 милиони жители на Газа сега се раселени, соопшти хуманитарната агенција на ОН во најновото ажурирање на податоци.

Според извештаите, недостигот на чиста вода за пиење, како и пренаселеноста, станаа главна грижа.

МИА

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ
- Реклама -