2996 лица се казнети од почетокот на оваа недела од страна на полицијата поради неносење лична заштита на лице, односно заштитна маска, согласно мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид -19.
Во последното деноноќие, како што информира МВР, регистрирани се 890 прекршоци. Претходно полицијата казни 870, 593 и 643 граѓани (во деноноќието 27/28 септември) што не носеле маска.